ЦЈЗ: Задолжителна дезинфекција пред повторно отворање на бизнисите

Дезинфекција е една од првите мерки кои треба да се преземат при постепено отворање на бизнисите за работа во услови по завршување на епидемија.

 |   | 

Бизнисите се подготвуваат за повторно започнување со работа.
Со намалувањето на интензитетот на ширењето на заразата од коронавирусот и најавите на здравствените власти и Владата за олабавување на мерките угостителски објекти, козметички салони, теретани, фитнес центри, трговски центри, производствен погон и објекти со друга дејност пред започнување со работа на објектот потребно е да биде извршена целосна дезинфекција од страна на овластена јавна здравствена установа и со соодветно дезинфекционо средство чија употреба е одобрена од страна на Министерството за здравство.

„ За сите нив , не само што е  препорачливо туку и задолжително да се изврши целосна дезинфекција на објектот каде  што ќе  се започне со работа. За таа цел апелираме од ЦЈЗ да се јават на време стопанствениците. Ние од денес веќе ги организиравме нашите екипи кои ќе вршат дизинфекција во две смени. Можат да се јават на еден од нашите телефони да се договориме кога нив им одговара да се спроведе таа дезинфекција.“– вели директорот на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.

Веќе се изготвуваат протоколи за начинот на кој ќе функционираат рестораните, кафетериите, трговските центри кои наскоро ќе ги објави Комисијата за заразни болести, до кои ќе треба да се придржуваат и вработените и клиентите. Поповолната епидемиолошка состојба во државата не значи и непочитување на мерки.

„Сеуште сме во фаза на епидемија, пандемија на светско ниво. И да се укине вонредната состојба, опасноста од вирусот останува, барем додека не проценат поинаку од СЗО. Затоа не треба да има никакво опуштање напротив потребно е почитување на мерките бидејќи епидемијата има и т.н. опашка која може да удри и повторно да се најдеме во состојба која не ја посакуваме. Потребна е одговорност , како и досега,посебно од охриѓани, во почитување на мерките предложени од Владата .- вели Точков.

Точков ги потсетува сите угостители, стопанственици, дека стручните тимовите при Епидемиолошкото одделение во Центарот за јавно здравје се на располагање за обавување на услугата дизинфекција, секој работен ден од 8 до 20 часот. За закажување на термин за услугата контактирајте го ЦЈЗ  на телефоните 046 231030, 078 488262 или на е-маил: zzz.ohrid@gmail.com.
За извршената услуга се добива соодветен евидентен лист потврда која може да послужи пред инспекциските органи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top