МТЦ: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети

Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила се уште важи Одлуката за затворање на аеродромите, велат од Министерството за транспорт и врски.

 |   | 


Поради објавувањето од страна на некои медиуми на конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид“ денеска се огласи Министерството за транспорт и врски. Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, стои во соопштението од министерството. Од таму апелираат до граѓаните да се воздржат од резервaции на билети, се до донесување на нова Одлука од страна на Владата, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. Од министерството за транспорт додаваат дека навремено ќе информираат за сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top