Во период кога се очекува да се достигне пикот во бројот на заразени од Корона вирусот во земјава, на дигитална конференција се одржа шестиот по ред состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на Ковид -19 вирусот.
Во период кога се очекува да се достигне пикот во бројот на заразени од Корона вирусот во земјава, на дигитална конференција се одржа шестиот по ред состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на Ковид -19 вирусот.
Учесниците во координативното тело од најпогодената индустрија имаат за цел да постигнат коодриниран пристап и усогласени барања на Здружението на угостителство и туризмот при Стопанска комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија, НАИТМ, ХОТАМ, СКТМ, Групација на угостители од ТУК при ССК со министерството за економија и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Координативното тело на овој состанок го разгледа досегашниот импакт од преземените вонредни мерки и препораки на Владата на РС Македонија и негативното влијание на вирусот Ковид -19 врз целокупното туристичко стопанство кое е едно од најпогодените индустрии од пандемијата што го зафати светот. Согласно сите предложени мерки од туристичките чинители за помош и поддршка на индустријата, предложен е нов сет на мерки кои ќе значат јасна дистинкција на секоја инволвирана страна, како и можности за помош и ублажување на штетите.
Дел од мерките кои ќе се предложат до Владата на РС Македонија ќе имаат во предвид краткорочна и долгорочна поддршка на секторот, додека остатокот на барањата ќе биде во линија со препораките на Светската туристичка организација со цел побрзо закрепнување на туристичката индустрија, стои во соопштението на Координативното тело за превенција на последиците од вирусот COVID-19 во туризмот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град