Фестивалот пак, ќе го затвори познатиот шансониер- Шарл Азнавур.
Со филм на познатиот режисер Коста Гаврас, на 28 јуни, ќе се отвори годинешното, второ по ред издание на Фестивалот за француски филм во Охрид. Станува збор за последното дело на Гаврас, филмот „ Западно од рајот“ .
Во текот на петте дена, колку што ќе трае фестивалот, љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат селекција на над 12 проекции од најновата француска продукција. Меѓу нив се и филмовите: Серафин на Прувост, лауреатот на наградата ЦЕзар во 2009, Последниот ден од остатокот на твојот живот на Безансон. Постои можност охридската публика да го проследи и најновиот филм за познатата Коко Шанел.
И покрај буџет од само 50. 000 евра, организаторите ветуваат фестивал со најнови филмови, одлично озвучување и сценографија.
Фестивалот ќе го затвори познатиот француски шансониер Шарл Азнавур, кој со задоволство ја прифатил поканата да го посети Охрид. Македонската пеачка, која години наназад живее и работи во Лондон, Тања Цароска, пак ќе изведе негова нумера.
Од страна на организаторите беше најавено снимањето на два филма за Охрид, од кои едниот краткометражен кој се очекува догодина да учествува на фестивалите во Кан, Венеција и Берлин. Додека пак, вториот- долгометражен филм се најави како вистинско освежување за филмската уметност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град