Европската унија треба да собере храброст и ги прими земјите од регионот во свое друштво.Со тоа ќе се намалат и нивните, но и нашите проблеми.
Европската унија треба да собере храброст и ги прими земјите од регионот во свое друштво.Со тоа ќе се намалат и нивните, но и нашите проблеми.
Визната либерализација на земјите од регионот и понатаму им задава главоболка на земјите од регионов. Што поскорото влегување во друштвото на Европската унија беше тема на неофицијалните разговори на претставниците на Македонија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија. Официјално пак, тие се сретнаа да разговараат за миграцијата, бегалците и азилот во рамки на еднодневниот регионален форум на МАРРИ иницијативата кој се одржа денес.
„Со прифаќање на овие 6 земји во Европското семејство ќе се намалат досегашните чести манипулации со пасошите“ , потенцира Јусуф
Каламперовиќ, Министер за внатрешни работи на Црна Гора, земја која ќе биде наредниот едногодишен претседавач со МАРРИ иницијативата. „
ЕУ треба да собере храброст и што поскоро тоа да го направи со оглед на фактот што станува збор за држави чиј вкупен број на жители е околу 20 милиони“, рече Каламперовиќ.
Македонскиот заменик минстер за внатрешни работи, Зоран Петров, искажа оптимизам дека Македонија уште есенва може да ја очекува конечната- позитивна одлука на Европскиот парламен во однос на визната либерализација.
Павел Свитил, Министер за надворешни работи на Република Чешка- актуелен претседавач со ЕУ, и честита на Македонија за неодамна добиените позитивни оценки за кои верува дека ќе ја одведат до визната либерализација.
Ова е едно од прашањата на кои се разговараше на еднодневниот регионален форум на МАРРИ иницијативата, регионална асоцијација на шест земји од Балканот (Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска) за азил, миграции и бегалци.
Покрај претставници на МАРРИ центрите и високи функционери на нивните министерства за внатрешни работи, присуствуваа и претставници на Европската Комисија и Регионалниот совет за соработка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град