Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на РС Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид.
Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид.
Маските, пред сḕ, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи а 100 маски се дадени за употреба на припадниците на СВР Охрид.
Упатуваме јавна благодарност до сите општествено-одговорни компании од градот кои несебично донираат помош која понатаму се дистрибуира до социјално-ранливото население.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град