Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. Вработените го даваат својот максимум за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Менаџерскиот тим на маркетите МИСА решил аконтацијата за данок од добивка која вообичаено се плаќа еднаш месечно, да ја плати однапред за цела 2020та година, а со тоа да и помогне на државава во оваа тешка ситуација.
Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. За да можат граѓаните да се снабдат со основните животни производи, тие вложуваат максимални напори, па вработените во прехрамбената трговија се на своите работни места и за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.
Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата оние кои што се самохрани мајки, имаат деца под 10 год. или се хронично болни да се ослободени од работните обврски. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата. Вработените го даваат својот максимум за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Преземени се сите мерки препорачани од СЗО за дезинфекција и одржување на хигиената во маркетот, како и држење растојание помеѓу купувачите и избегнување на создавање гужви. МИСА ги почитува и препораките од Владата околу работното време. Преку недела маркетите се отворени до 19.30 часот, а за време на викендот поради дополнителните мерки и започнувањето на полицискиот час од 16 часот, ќе работи до 15 часот.
Стравот од овој невидлив непријател кој граѓаните ги натера да седат дома, придонесе да се зголеми пазарењето и правењето залихи особено на основните прехрамбени производи. Посебно во почетокот на оваа вонредна состојба граѓаните пазареле на големо, велат од МИСА. Со тоа многукратно се зголемил обемот на нивната работа, но и дневниот промет. Затоа менаџерскиот тим на маркетите МИСА, како општествено одговорна компанија, решил аконтацијата за данок од добивка која вообичаено се плаќа еднаш месечно, да ја плати однапред за цела 2020та година. Износот е околу 30 000 евра. Со уплатување на целиот износ оваа фирма сака да и помогне на државата во ваков кризен период, сега кога тоа е најпотребно.
Ова е позитивен пример кој можат да го следат и останатите фирми кои се во можност. Инаку, од маркетите МИСА велат дека нема покачување на цените. Тие остануваат исти на она ниво на кое биле на 11ти Март кога беше прогласена вонредна состојба во државава. Нема да се покачуваат цените ниту на цитрусното овошје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град