Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе прави пресек на новозаболени со коронавирус и ќе ја информира јавноста за тоа. Ваквата одлука е донесена заради растот на бројот на случаи на Ковид 19 во земјава.

„Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа. Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време“, се наведува во соопштението од министерството за здравство.
Од таму дополнуваат дека и дека заради локалната трансмисија и појава на изолирани случаи настрана од кластери на пациенти кои се во ко-релација во Скопје и Дебар, а веројатно истото ќе се случи и на други локации, Министерството нема да биде во можност за сите случаи да споделува информации од епидемиолошката анкета, како што тоа го правеше досега, односно дека во иднина нема да може секогаш да одговори или или информира за контактите кои заболените ги имале со други лица или колку дополнително луѓе се тестираат како резултат на контакт со секој од новозаболените.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град