• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советот на Општина Охрид со мерки за ублажување на влијанието на епидемијата врз економскиот сектор

Советот на Општина Охрид со мерки за ублажување на влијанието на епидемијата врз економскиот сектор

Советот на Општина Охрид на денешната седница прифати да бидат ставени на дневен ред уште две точки и истите ги изгласа. Едната одлука се однесува на повеќе заклучоци во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот. А другата одлука е на предлог на градоначалникот Константин Георгиески времено да се отстапат три моторни возила од Општина Охрид за период од 90 дена, за потребите на СВР Охрид. Ова се должи на зголемениот обем на работа на СВР Охрид во овој период и потребата од дополнителни возила.

 |   | 

Советот на Општина Охрид на денешната седница прифати да бидат ставени на дневен ред уште две точки и истите ги изгласа. Едната одлука се однесува на повеќе заклучоци во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот.
Eдногласно прифатена и изгласана беше одлуката која се однесува на повеќе заклучоци, а во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот КОВИД -19. Со овие заклучоци, Советот ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица. Во наредните 10 дена дена до градоначалникот и советот треба да достават информација, дали постои законска можност да не се ипорачуваат фактури од јавните претпријатија кон коминтентите во периодот кога не обавуваат дејност и дали постои законска можност  да не се пресметува казнена камата за извршените плаќања на сметки после утврдениот законски рок во периодот додека траат мерките и препораките на владата.

Советот на Општина Охрид ги задолжи Секторите за урбанизам и управување со градежно земјиште и за даноци и комуални такси, да ја испитаат законската регулатива за ослободување  на правните и физички лица од надомест за краткотраен закуп и комунална такса за периодот додека не обавуваат дејност. Советот ја задолжи правната служба исто така да ја испита законската можност за времено запирање на присилната наплата и извршните побарувања, камата и пеналии кон правните и физички лица, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот.

На предлог на градоначалникот Константин Георгиески, беше прифатена одлуката за времено отстапување на три моторни возила од Општина Охрид за период од 90 дена, за потребите на СВР Охрид. Ова се должи на  зголемениот обем на работа на СВР Охрид и потребата од дополнителни возила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top