Затворениот Зелен Пазар со мерки против ширење на корона вирусот

Доколку не се почитуваат мерките, ЈП Градски Пазар е спремен да превземе дополнителни мерки за заштита, со редуцирање на протокот на луѓе (ограничување на влез-излез) внатре во затворениот Зелен Пазар.

 |   | 

ЈП Градски Пазар ги известува граѓаните,  согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот, во затворениот Зелен Пазар СЕ МОЛАТ да се придржуваат на следното:

– Продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите.
-Потрошувачите, затворениот Зелен Пазар исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби,  без подолго да се задржуваат во истиот со цел да не се прави гужва.

Доколку не се почитуваат мерките, ЈП Градски Пазар е спремен да превземе дополнителни мерки за заштита, со редуцирање на протокот на луѓе (ограничување на влез-излез) внатре во затворениот Зелен Пазар.

Ве молиме за почитување на Мерките за превенција од ширење на Корона Вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top