Децата од струшките градинки ја подготвуваат завршната приредба.
„Летото доаѓа“- под овој наслов ќе се изведе завршната приредба на детската установа 8-ми март. Децата од 9 гупи, од објекти во склоп на оваа институција интензивно се подготвуваат. Тие ќе изведат различни музички точки.Средствата кои ќе бидат собрани од приредбата ќе да бидат наменети за лекување на Јован Колоски
„Завршната приредба ја насловивме „Летото доаѓа„ бидејќи сме на прагот од уште едно ново лето, а факт е дека на децата им е најпосакувано годишно време. За сите точки кои ќе бидат изведени неуморно се подготвувавме цел месец“, велат воспитувачките.
„Традицијата на организирање завршни приредби продолжува и понатаму. Сакаме истата да биде и од хуманитарен карактер“, вели директорката на детската установа 8-ми март.
На завршната приредба која ќе се одржи утре со почеток во 18 часот, средства за хуманитарната намена ќе се собираат и преку други активности, инфромира директорката. Родителите веќе се договорија да подготват солени и слатки производи кои ќе ги продаваат во фоаето на Центарот за култура и тоа по симболични цени. Сите средства ќе бидат донирани за потребите на Јован Колоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град