Еколошка катастрофа на Преспанско ќе се одрази и на Охридско Езеро

На Преспанското езеро му се гледаат ребрата. Доколку не се преземат мерки за спречување на драматичното опаѓање на нивото на ова езеро , потенцијална еколошка катастрофа во Преспа може да се одрази и на Охридското езеро.

 |  Соња Рилковска  | 

Алармантната состојба со Преспанското може да се одрази и на Охридското езеро.
50% од водата на Прескапнското се влева во изворите во Свети Наум, а човечката негрижа и користењето на водата со пумпи од страна на Македонија, Албанија и Грција  доведе до еколошка катастрофа во Преспа.

 Контролирано да се води сметка за  истекот на Охридското езеро  кај Црни Дрим за потребите на хидроцентралите, апелираат експертите.
 

„Овие моментални дождови не се спас за вода се снежните врнежи кои нажалост подолг период ги нема. Таков проблем би се јавил и Охридското езеро а сето тоа зависи од истекот на Охридското езеро преку Црни Дрим односно преку нерегулираниот истек. Јас не зна во овој момент со кој капацитет работаат хидроцентралите Глобичица и Шпилје. 0506 Треба да се регулира истекот на Охридското езеро од Црни Дрим  и да се изгради софистициран регулаторен систем а не овој со талпи кои се вадат по потреба на Елем“, апелира професорот Здравко Крстаноски, долгогодишен прв човек на Хидро-биолошкиот завод во Охрид.
Охридското езеро не смее да се користи како акумуација за производство на електрична енергија.

„Вакво природно езеро со многукратно значење од научен апсект од туристичко рекреативен богато со ендемична флора и фауна не би требало да служи како акумулација за електрична енергија а не посебно кога нема регулаторен објект како што треба“, додаде Крстаноски.

И да се сопре истекот на Охридското езеро кај Црни Дрим  не мкже  да се врати водата во Преспанското бидејки тоа е повиско за 150 метри надморска височина, Спасот на Преспанското езеро експертите го гледаат во врнежи од снег  и отстранување на пумпите.  Ако не се преземе ништо езерото  може да изумре.

„Езерата се творевини кои еднаш геолошки се создале и постепено изумираат а човекот со своите активности во негативна конотација  нормално би го забрзал тој процес на изумирање. Инаку Охридското езеро кога не би имало подводни и површински извори неговата ретенција би била некаде 75 години, значи би се испразнало за 75 години“, додава Крстаноски.

Временските непогоди  кои се резултат на климатските промени доведоа до пресушување и на Мавровското и на Тиквешкото езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top