Божиновски: Сериозни прекршоци на законите во НУ „Охридско лето“

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид денеска повторно  со обвинувања на адреса на раководството на Национална установа Фестивал Охридско лето.  Направени се сериозни прекршоци на законите со тоа што е извршена злоупотреба на службена положба кажа партискиот портпарол и порача дека мора да има одговорност.

 |   | 

Директорката на НУ ,,Охридско лето”, Наташа Поповиќ срамно, грубо и арогантно се обиде да ја манипулирa охридската и македонската јавност, обвини на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.  Божиновски кажа дека после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ спорните вработувања во установата биле одјавени. Тој јавно праша зошто е тоа така доколку  немало незаконски дејствија.  Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата, зошто тогаш истите без дополнителна согласност од 2019 година се пренесени во 2020 година?, праша Божиновски.

„Како е извршено пријавувањето во Агенцијата за вработување на Република Македонија?Дали на 23 јануари е заснован однос на тројца административни службеници?Дали согласноста од Министерство за финансии оди со датум од 21.11.2019 година за 5 лица? Имено фактите зборуваат дека станува збор за оглас бр. 366/19 од 2.12.2019, барање од 23.1.2020 година и стапување во работа на тројца административни службеници.“ – кажа  Божиновски.

Од Општинската ВМРО ДПМНЕ порачуваат вработените во двете институции, и „Охридско лето“ и Агенцијата за вработување да не подлегнуваат под партиски притисоци со цел да прават поголеми прекршоци и кривични дела.

„Јавноста треба да знае дека се направени сериозни прекршоци на законите со тоа што е извршена злоупотреба на службена положба како и пријавување на лица без потребната комплетна документација.“ – Божиновски.

За сите прекршоци и противзаконски процедури одговорност мора да има и ќе има, порача портпаролот Божиновски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top