Со средства од ЕУ ќе се гради еко музеј во Дебрца

Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта.

 |   | 

Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта.

Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра.

Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” и Шумарски факултет – Скопје , а од грчка страна, општината Терми и за Институтот за одгледување на растенија и генетски инжинеринг.

Дополнителен буџет е предвиден и за целосно опремување на внатрешните простории со современа техничка опрема и мебел, каде ќе бидат изложени убавините на Блатото, кои ќе станат подостапни за туристите од регионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top