РК Охрид „Спремни сме за плеј оф“

Започнува вториот дел на сезоната во македонската суперлига за Рк Охрид. Охридските ракометари првиот натпревар го играат утре на гостински терен против Бутел Скопје. Охридскиот ракометен клуб во следните 10 дена ќе одигра 4 натпревари кои според стручниот штаб ќе бидат корисни за брусење на формата пред плејофот.

 |   | 

Охридските ракометари, утре започнуваат со натпреварите во вториот  дел на сезоната во македонската суперлига. Дерби средбата против Бутел Скопје ќе ја имаат на гостински терен со почеток во 19 часот. Голманаот на РК Охрид, Јагош Брауновиќ вели дека иако и двете екипи имаат обезбедено учество во плеј офот, гладијаторите одат на победа.

„Не очекува еден, резултатски не многу важен натпревар против Бутел со оглед дека и ние и тие имаме обезбедно пласман  во плеј оф. Но секако дека се работи за една квалитетна екипа со многу искусни играчи и се разбира дека  ние ќе направиме се за да ја продолжиме серијата без пораз.
Најголема опасност доаѓа од нивните крила . Имаат многу добри крилни играчи. Исто така добро се покриени на бековските позиции.„ – кажа Брауновиќ.

Охридскиот ракометен клуб во следните 10 дена има збиен распоред. Ќе одигра четири натпревари, од утрешниот во Скопје  против Бутел, преку пресметките со Струга и Металург на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе завршат со дуелот со Металург 2 на гостински терен. Дали ќе се ротираат сите играчи или ќе се калкулира со штедење сили но и внимавање од повреди, Брауновиќ вели тимот е подготвен но одлуката е на тренерот.

„Одработивме квалитетни подготовки. Овие 4 натпревари ќе ни послужат за што подобро да се подготвиме за почетокот на плеј офот. Сите играчи сме физички спремни така што мислам дека нема да има многу калкулации  и на сите натпревари ќе одиме на победа за да се избориме за прво место пред почеток на плеј офот.“ – вели Брауновиќ.

И спортскиот директор на клубот, Горан Недески вели дека клубот е подготвен за плеј оф.
„Одигравме неколку пријателски натпревари на кои тренерот ја темпирање формата за следните четири натпревари и не само за нив туку и за плеј офот и купот. Овие ќе бидат добри 4 натпревари за брусење на формата пред натпреварите коишто не очекуваат  со Вардар, Еурофарм, Бутел,  Пролет и Металург.“ – кажа Недески.

Натпреварот во Скопје ќе биде прв во сино белиот дрес на Рк Охрид во суперлигата за бекот Филип Николов. Во подготвителниот период ракометарите на Охрид одиграа 8 пријателски натпревари од кои 3 во Црна Гора.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top