ОПШТИНИТЕ ОХРИД И ВЕВЧАНИ ДЕЛ ОД ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ“

Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка.

 |   | 

Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка.

980.000 евра ќе добие општина Охрид за санирање локални патишта и улици во рамки на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој. Со проектот „Македонија без кал“ ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка.

Градоначалници и претставници на општините и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот, што треба да ја подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој. Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

Висината на средствата е различна за секоја општина, а се утврдува според бројот на население и на населени места, површината и  регистрираните моторни возила. На располагање им се од 500 илјади до два милиона евра.

Секоја општина до Министерството за транспорт и врски доставува готови ревидирани проекти кои се проверуваат и потоа се доставува до банката. За прифатливите проекти Министерството спроведува јавни набавки за градежни работи и надзор.

Улогата на општините е од голема важност бидејќи од нив се очекува да подготват и достават квалитетна проектна докуемнтација до Министерството за да може навреме да се искористат парите. Секоја општина сама ги утврдува приоритетните улици и патишта за кои сака финансирање, истакна денеска министерот Сугарески и апелираше до сите градоначалници, иако најголемиот дел имат доставено, да подготват плус квалитетни проекти. Општина Охрид ќе аплицира и на вториот тендер од овој проект со инфраструктурните проекти кои ќе бидат определени како приоритетни и се дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште.

Средствата од заемот од Светска Банка за проектот “Македонија без кал“ се обезбедени со рок на отплата од 15 години, грејс период од пет години.Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со СБ со вкупна вредност од 420 милиони евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top