Во Охрид денеска одржа неформален регионален состанок на директорите на царинските управи од западен Балкан, чија главна цел е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан. Резулатите од соработката во рамки на овие неформални состаноци, се гледаат преку веќе воспоставениот „оне стоп шоп“ систем со кој се забрзува протокот на стока и патници на преминот Табановце Прешево и финализирање на постапката за воведување таков сиситем и на преминот Ќафасан со Албанија.
Заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан и справување со проблемите со кои се соочуваат, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година тема на Петтата по ред неформална средба на директори и претставници на царинските служби на државите од Западен Балкан што од денеска се одржува во Охрид.
Најголем предизвик во царинското работење е трговијата. Елиминација на тарифните бариери, намалување на формалностите, ефикасна размена на трговски податоци, програми за взаемно признавање на граничните документи, се активности што царинските служби треба да ги спроведат за реализација на акцискиот план за Регионална економска област, истакна директорот на Царинската управа на Македонија, Ѓоко Танасоски.
„Во склоп на Цефта имаме ние добра соработка како земји. Веруваме дека со поддршка и на иницијативата за мал шенген доста ќе придонесеме за олеснување на трговијата во овај регион со што веруваме дека ќе дојде и до зголемување на конкурентноста на самите компании кои би се вклучиле прво на регионалниот а потоа и на пазарите во Европа и во светот. -кажа Танасоски.
Танасоски кажа дека оваа година се гледаат резулаттите од ваквата соработка на овој неформален состанок бидејќи веќе е воспоставен one stop shop на Табановце и Прешево каде има забрзување на движењето на стоката и патниците.
„Би навел и дека со поминување на програмата за меѓусебно признавање на програмите за авторизиран економски оператор на ниво на ЦЕФТА земјите ќе се добијат приоритетни ленти при што компаниите кои ќе го имаат овај сертификат ќе имаат значително олеснети царински процедури и ќе можат во пократки рокови да ги испорачуваат стоките. – додаде Танасоски.
Во завршна фаза се и преговорите за отворање One Stop Shop со соседна Албанија на Ќафасан. Директорот на Царинската управа на Република Албанија Гјон Барди од своја страна рече дека преку средбите како оваа во Охрид е во насока на подобрување на соработката на службите за олеснување на протокот на стоки и луѓе и во насока на спречување на шверцот на стоки преку границите.
„ Се подобрува соработката но се утврдуваат и ризиците што како земји од регионот ги споделуваме. Во таа насока сакаме да формираме единици за размена на информации во реално време. Со отворање на „оне стоп шоп“ на границата меѓу Македонија и Албанија не само што ќе се подобри размената на стоки, услуги и луѓе, туку истовремено ќе значи и зголемување на контролата и намалување на криминални активности и ризикот од шверц.“ рече Барди.
Покрај директорите на Царински управи од Западен Балкан, на настанот присуствуваат и претставници на на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и Британската Амбасада, како и претставниците на граничните инспексциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град