Доцнат работите околу изградба на новото спортско игралиште кај касарната

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ сеуште чекаат да добијат нов уреден простор за спортување. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ пред речиси една година започна со уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, и на едно детско игралиште но, работите закочија. Се чека да заврши постапката помеѓу Министерството за образование и  општината околу утврдување на сопственоста на просторот. ЈП „Градски гробишта“ во периодов што престои ќе работи на повеќе проекти во градот и приградските населби. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ сеуште чекаат да добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираат дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираат дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно е да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ уште пред речиси една година започна со уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, и на едно детско игралиште на кое треба да се поставени интересни реквизити. Но, работите закочија.
Дел од игралиштето и од патеките ги уредивме заедно со другите јавни претпријатија, но сеуште има некоја постапка помеѓу Министерството за образование и општината и со нејзиното завршување ние ќе продолжиме со уредување на просторот и реализација на проектот, вели Ванчо Костовски- директор на ЈП „Градски гробишта“.

Игралиштата ќе се од отворен карактер па покрај жителите на „Радојча Новичиќ“ ќе можат да ги користат и оние од улицата „15ти Корпус“ и „Железничка“. Костоски вели дека и останатите граѓани од другите делови ќе можат да доаѓаат и да спортуваат, а со тоа ќе заживее овој простор. Инаку, ЈП „Градски гробишта“ работи на повеќе проекти во и надвор од градов. Во периодов што престои ќе се поплочуваат повеќе тротоари, а ќе се прередуваат и плочки на тротоарите каде се вршеле градежни зафати.

Ќе се работи во централното градско подрачје и периферијата. На 15ти Корпус се уредија сокачињата, моментално работиме во населбат Радојца Новичиќ. Ќе се работи и во Рача, Којнско, Велгошти, а имаме и неколку патеки кои треба да ги довршиме во стариот дел од градот, вели Костовски.
Во периодов што помина, јануари и февруари биле поставени над 1500 квадрати бекатон плочки, што е рекордна бројка за ова претпријатие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top