Секојдневно се заменуваат искршени улични светилки и столбови на улиците и патеките

 Од  службите на Фирмата ИЦС  системи задолжени  за одржување на јавното осветлување напоменуваат дека се соочуваат со постојано вандалско однесување на несовесни граѓани кон јавното осветлување. До почетокот на летото ќе интервенираат и на чистење на автентичните фенерчиња во стариот дел од градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Службите на ИЦС  системи задолжени за одржување на јавното улично осветлување секојдневно се грижат  за 9100 улични светилки. Имаат полни раце работа и велат дека постојано се на терен за граѓаните да бидат заоволни од јавното осветлување.  Од службата напоменуваат дека постојано интервенираат на оштетените сијалични места.

„Најчесто има недисциплина кај граѓаните. Имаме проблеми не само со скршени сијалици туку и со скршени столпчиња, украсна пластика од сијалиците. Секојдневно, реагираме со замена на сијалици како резултат на недисциплинирани граѓани и  не можеме  да ги средиме. Секојдневно имаме работа. Се кршат светилките  и на патеката кон Куба Либре од кои причини не знам , но постојано се кршат “, посочува Марио Јованоски  од ИЦС системи.

Во стариот дел од  градот ИЦС системи имаат поставено 600  фенерчиња. Автентичните светилки во форма на стара охридска куќа, кои се карактеристични за Охрид  специјално се прават и ги  има и на пешачките патеки. За реакциите на граѓаните  дека на одредени локации фенерчињата се  валкани и запуштени , од службата ветуваат дека ќе интервенираат и во тој дел.

До крајот на пролетта и почетокот на туристичката сезона ќе ги средиме фенерчињата каде  што граѓаните имаат забелешки да се исчистат и да се доведат во ред“, напоменува Јованоски.

ИЦС системи како приватен партнер на ЛС во одржување на јавното осветлување работат по нивни налог. За оваа година се планира распишувањ ена тендери според  Програмата за проширување на мрежата за јавно осветлување за  улиците  15-ти Корпус , Прва Македонска ударна бригада и за други населени места надвор од градот. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top