Оштетени рампите во центарот на Охрид, кај поштата.
Утрово во 2 часот и 30 минути автомобил рено меган со голема брзина удрил во излезниот терминал на рампите кај поштата. Терминалот и рампите се целосно уништени, информираат од ЈП Билјанини извори. Поправката ќе биде завршена најдоцна до среда и граѓаните непречено ќе може да ги користат рампите. Дотогаш влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите, објаснуваат од јавното претпријатие. Причините за сообраќајната незгода ќе ги утврдува полицијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град