Оваа иницијатива потекнала и од наставниците и од родителите уште од мината учебна година бидејќи години наназад мобилните телефони биле максимално злоупотребувани за време на наставата. Во ОУ Св. „Климент Охридски“ мобилните се чуваат во специјални кутии. Класните ги земаат пред започнувањето на наставата и ги чуваат до последниот час.
Настава без мобилни телефони започна да се применува и во охридските основни училишта. Ова е согласно Кодексот на однесување во училиштето со кој од второто полугодие и наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони не смеат да ги користат. Во ОУ Св. „Климент Охридски“ мобилните се чуваат во специјални кутии.
„ Злоупотребата на тие мобилни телефони од страна на учениците го помина секое ниво на толеранција затоа со започнувањето на второто полугодие со соопштение беа известени сите класни раководители, а и учениците. Класните ги земаат телефоните пред започнувањето на наставата и ги чуваат во посебни кутии до последниот час“ објаснува Наташа Танеска-директор на ОУ Св. „Климент Охридски“
Оваа иницијатива потекнала и од наставниците и од родителите уште од мината учебна година бидејќи години наназад мобилните телефони биле максимално злоупотребувани за време на наставата. Многу ученици сликале или снимале наставници или соученици, а потоа ги испраќале преку социјалните мрежи и со нив се исмејувале.
„Оние родители кои сметаат дека на нивното дете му е неопходен мобилниот треба да ми достават барање во кое ќе ги наведат причините, па тогаш ќе биде одлучено дали детето може да го користи и тоа во одреден временски период.- вели Танеска.
За време на одморите учениците можат слободно да ги користат своите телефони. Танеска тврди дека мобилните на овој начин се и побезбедни, а ја отфрла можноста за некаква кражба или пак намерна замена на апаратот од страна на некои ученици. Доколку дојде до нешто такво, штетата ја сноси училиштето. Инаку, забрани за внесување мобилен за време на часовите веќе постојат во Албанија и Грција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град