Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите

Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите. Граѓаните бараат Локалната што поскоро да го обезбеди овој простор, да постави ограда по целата должина, а и некоја табла со предупредување за опасностите кои демнат. Од Локалната велат дека  оние кои ја граделе и вршеле надзор кажале дека таа патека е безбедна и нема што тука да се дискутира.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Патеката која се простира над Лабино се попосетена од љубителите на природата и пешачењето, но и опасна доколку не се внимава. Неодамнешниот несреќен случај во близина на ова место, во која животот го загуби лице жител на Скопје, кое во услови на лизгав и подмрзнат терен паднало од карпа, го отвори прашањето колку оваа патека е безбедна. Неспорна е нејзината атрактивност и убавина која се вклопува во прекрасната природа, но теренот е стрмен, лизгав, а недоволно обезбеден. Само на делови од оваа патека има заштитна ограда.
Самиот терен таму е незгоден во случај на било какво подлизнување и многу лесно можат да западнат луѓето во длабока провалија. Очигледно е дека таму се случуваат несреќи и треба да се земе во предвид тој момент и надлежните да си направат добра проценка, вели Антонио Додевски- од Спасителната служба на планина.
Не е редок случајот кога патеката над Лабино ја користат како рута за возење велосипед, а оние најхрабрите возат и мотори. Опасноста е голема и за нив, но и за случајните минувачи кои нема каде да се тргнат бидејќи патеката е многу тесна.

Особено што се возат и велосипеди, бидејќи брзината на еден велосипед кога се вози на една патека е многу поразлична од брзината на пешак и ако може да ни се случи пешаци да паднат во провалија, замислете што би се случило во велосипедска несреќа, вели Додевски.
Затоа граѓаните бараат Локалната што поскоро да го обезбеди овој простор, да постави ограда по целата должина, а и некоја табла со предупредување за опасностите кои демнат.
Изградена според проект патека ние не можеме да кажиме дали е безбедна или не. Оние кои ја граделе, а имало и надзор кажале дека таа патека е безбедна Не чуствуваме потреба како Локална самоуправа воопшто да навлегуваме во материјална расправа на таа тема, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.
Инаку ова патека беше пуштена во употреба во јуни 2017. За нејзина изградба општина Охрид од сопствениот буџет издвои 110 000 евра. Пешачката патека во должина од околу 2,5 км е неизоставен дел од рутите на туристите за разглед на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top