Повторно на репертоарот „Каде е пиштолот?“

Театарската претстава „Каде е пиштолот?“ повторно на репертоарот на народниот театар од Охрид. претставата е работена од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, а е во режија на Дејана Николовска.

 |   | 

Театарската претстава „Каде е пиштолот?“ повторно на репертоарот на народниот театар од Охрид. претставата е работена од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, а е во режија на Дејана Николовска.

Во претставата граат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top