Заедно со претставници од 800 училишта, ќе дискутираат за најдобрите начини за заштита на нашата природна средина, користејќи го слоганот „Наша клима, наша иднина“.
Охридски средношколци ќе дебатираат за климатските промени во Брисел. Охридското средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е избрано како претставник на РС Македонија во извлекувањето кое се одржа на 27 ноември 2019 во Брисел. Во посета на училиштето СОСУ„Св.Кирил и Методија“-Охрид, беше Г-дин Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината „Твоја Европа, Твој збор“ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год . Г-дин Хакен ќе работи со нашите учениците Сара Настевска, Михаела Тиковска и Стефан Јосифовски под менторство на наставникот Катерина Симјаноска.
Млади луѓе од сите краишта на нашава планета го креваат својот глас за спас на планетава и Европскиот економски и општествен комитет тоа го слушна. Главниот настан е насловен како Твоја Европа, Твојот глас ќе се слуша! Настанот е во организација на Европскиот економски и општествен комитет и по облик ќе биде сличен на конференциите за климатски промени кои се одржуваат во ООН, и истиот треба да собере 33 средни училишта од цела Европа за да дискутираат за најдобрите начини за заштита на нашата природна средина, користејќи го слоганот „Наша клима, наша иднина“.
Целта на настанот е да се слушнат идеите на учениците за тоа како на локално ниво најдобро да се справиме со климатските промени и истовремено, да се слушне нивната идеја како да станеме климатски неутрални до 2050. Под будното око на младите модератори учениците ќе имаат можност да дискутираат за своите идеи според рамковниот модел на седниците на ОН, за потоа да се сретнат со претставници на младински организации кои ќе им помогнат да ги преведат и имплементираат тие идеи како дискусии на предложени од страна на на Европскиот економски и општествен комитет насекаде низ Европа во 2020 година.Од Македонија, Турција, Албанија, и Црна гора беше избрано по едно училиште . Тројца ученици од секое училиште на возраст од 16-18 години , во придружба на ментор професор ќе си го претставуваат своето училиште . За настанот оваа година аплицирале 800 училишта. Европскиот младински самит за климата и климатските промени кој ќе се одржи на 19-20 март годинава во Брисел.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град