Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски.
Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски.
„Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум?
Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково?
Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности се спроведени на терен?
Јавноста бара одговор за резултатите од спроведувањето на 19те препораки за заштита на Охридскиот регион.
За жал како што наближува изборниот процес така најверојатно бизнис интересите на власта се поважни од приоритетите на УНЕСКО и заштитата на Охрид. А, и што може да се очекува од уценет градоначалник.
Со оваа власт ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак СДСМ има капацитет да воведе ред во Охрид. “ – кажа Перчо Божиновски – портпарол ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град