Сандра се наоѓа во педијатрискиот центар на „Yeditepe University Hospital“ во Истанбул, Турција, каде чека трансплантација на матични клетки.
На 9 годишната Сандра Ническа од Коњско, охридско дијагностициран и е Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави. Сандра се наоѓа во педијатрискиот центар на „Yeditepe University Hospital“ во Истанбул, Турција, каде чека трансплантација на матични клетки.
На 26ти април 2019 година врз Сандра беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца.
„Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, информира семејството Нически.
Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:
200002729851107 MKD – Стопанска банка АД Скопје
SWIFT CODE:STOBMK2X
IBAN: MK07200002729853241 EUR
beneficiary: Lenche Nicheska
адреса: село Коњско, Охрид
Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: +389 78 277 256.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град