СВР против 45 годишниот охриѓанец поднесе кривична пријава за шест казнени дела „тешка кражба“ . Мета на крадецот беа ресторани, маркети, битици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка.
Фатен крадецот што на Водици оперираше во центарот на Охрид. Се работи за 45 годишен охриѓанец со дебело полициско досие. Тој ноќта на големиот празник Богојавление спроти Денот на рибарите изврши шест тешки кражби во ресторани, кафулиња, маркети и бутици околу градскиот плоштад и охридската чаршија.
Со обивање на врати и кршење на прозори од сите деловни објекти украл пари, а негде неможејки да ја отклучи ја однел и целата метална каса.
„Нашите активности вродија со плод, имено за многу кратко време го пронајдовме сторителот на овие казнени дела и денеска против него поднесовме кривична пријава. Се работи за 45 годишен охриѓанец кој и е познат на службата. Против него СВР Охрид во изминатиот период има поднесено соодветни пријави по овие и по други основи. Сторителот на овие казнени дела практично користел соодветен алат, прибор и физичка сила ги кршел бравоите на влезните врати прозорците исто така и насилно влегувал во објектите притоа одзел пари со што се стекнал со рпотивправна имотна корист“ , вели Стефан Димоски.
Охриѓани вознемирени од повеќето кражби бараат построги казни од страна на судот, за да се чувствуваат побезбедно.
„Граѓаните може да се чувствуваат безбедно СВР Охрид ја гарантира безбендоста на сите граѓани ан целото подрачје. Она што е најважно е дека СВР Охрид е ефикасна полициска институција и ги рпонаоѓа сторителите на казнените дела. Можам да потврдам дека СВР Охрид за релативно кратко време ги наога сторителите на кривични дела и со кривични пријави ги иснесува пред лицето на правдата. Напоменувам дека полициските службеници се целосно посветени не само на овие канзени дела туку и на подобрување на безбедносната состојба на целото подрачје“ , додава Димоски.
Крадецот со кривичната пријава е предаден на правосудните органи од нив зависи дали ќе има притвор и колкава казна ќе добие.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град