• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОО СДСМ Охрид: Не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети на УИНТ

ОО СДСМ Охрид: Не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети на УИНТ

Случајно или намерно во ВМРО ДПМНЕ ги имаат измешано лончињата, не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети, со измените во Законот само се престројува Универзитетот за да биде во согласност со постоечкиот Закон за високо образование, реагираат од ОО на СДСМ на изнесеното на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Случајно или намерно во ВМРО ДПМНЕ ги имаат измешано лончињата, не се предлага нов универзитет, не се укинуваат постоечките факултети, со измените во Законот само се престројува Универзитетот за да биде во согласност со постоечкиот Закон за високо образование, реагираат од ОО на СДСМ на изнесеното на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

Предлагач на измените на Законот за Универзитетот не е пратеничката група на СДСМ туку други пратеници од други партии на кои пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ им се придружи. Јавноста добро знае што се случуваше на Универзитетот и борбите за превласт на тронот и незаконското работење, нешто што го следи од основањето, се вели во реакцијата од СДСМ.

„Измените ги знае и студентската делегација со која се сретнаа и дел од предлагачите на измените во Законот, пратениците Жаклина Лазареска и Рубин Земон неодамна со нив во Охрид. Тој е веќе во редовна постапка и вчера во македонското Собрание во прво читање само се утврди потреба од негово донесување. Следната недела ќе се закаже Јавна расправа на која ќе се слушне мислењето на стручната јавност, МОН и други релевантни институции, Ректоратот, студентите и вработените на овој Универзитет. На крај во второ читање ќе се усогласат сите потребни и релевантни барања преку амандманска расправа“.

Досегашните факултети: Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност, Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика, Факултетот за информатички и комуникациски науки и Факултетот за информатички системи, визуелизација, мултиемедиа и анимација, се присоединуваат во Факултет за информатички науки и технологии, а не се укинуваат. Се додаваат нови наставни програми и факултети за Универзитетот да го зачува статусот на Универзитет.
Тековните акредитирани студиски програми од прв, втор и трет циклус, како и веќе споменатите факултети продолжуваат со работа, до завршувањето на статусните промени на единиците на Универзитетот, односно до времетраењето на акредитацијата на соодветната студиска програма. Затекнатите студенти на студиските програми на сите досегашни факултети на Универзитетот го продолжуваат своето образование на Факултетот за информатички науки и технологии, според студиската програма по која ги започнале студиите. Одредбите од ставовите на овој член ќе се применуваат до добивање на Решение за почеток со работа на Факултетот за информатички науки и технологии согласно со Законот за високото образование, велат од СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top