Да се избегнат конфликтите помеѓу младите, и да се намали малолетничката деликвенција.
Да докажеме дека Струга е безбедно место за живеење. Ова беше причината за изготвениот проект од страна на СВР во соработка со локлната самоуправа. Денес на оваа тема се дебатираше во просториите на О.Струга.
Во Струга ќе се зголемува безбедноста. Оделот за превенција при СВР, изготви проект со кој ќе спречи појавата на конфликти помеѓу младите и тоа пред се во училиштата. Целта е преку проектот едукативно да се дејствува за да се намали малолетничката деликвенција во општина Струга.
Иако Струга важи за град каде безбедно се живее, може да се констатира дека единствено тепачките кои се случија во изминатиов период создадоа мала нестабилност. Со тоа младите, посебно учениците не се чувствуваа безбедни во местото каде живеат. Овие активности ни даваат гаранција дека Струга повторно е град на мултиетничка толеранција и соживот помеѓу сите националности, велат учениците.
„Локалната самуправа секогаш настојува да гради мост на меѓусебно разбирање. Ваквите проекти се вистинка можност да се направи тоа, иако ние преку институциите делуваме за пречување на конфликти или малолетничка деликвенција во градот, вели претставникот од локлана самоупрва“, Муним Бајрактар.
„Со овој проект се предвидува преку различни активности, учениците без разлика на верска или етничка припадност да се зближат преку спортски или културни настани. Тоа ќе резултира со меѓусебно запознавање и намалување на евентуални конфликти“, вели портпаролтот на СВР, Димоски.
Инаку на оваа тема, денес се дискутираше во просториите на општина Струга, каде покрај претставници на ОБСЕ и полициски службеници, присутни беа и директорите на двете средни училишта, професори, ученици, и невладини организации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град