• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро

Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро

По само неколку месеци стопанисување со рибниот фонд во Охридското езеро државата и ја одзете концесијата на струшката фирма Летница Белвица. Негрижа за рибниот фонд е само една од причините за ваквата одлука на Владата. Изминативе месеци надлежните инспекторати вршеле интензивни контроли во кои утврдиле низа нерегуларности и прекршувања на законот од страна на концесионерот. До изборот на нов концесионер , за да не биде оставено езерото на немилост на рибокрадците државата ќе формира посебно координативно тело за негова заштита.

 |   | 

Одземена концесијата за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро на фирмата “Летница Белвица“. Концесионерот  го прекршил Законот и договорот за концесија  по неколку основи поради што на вчерашната седница на влада се донесе одлука за раскинување на договорот, кажа денеска во Охрид министерот  земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Во само неколку месеци од добивањето на концесијата до МЗШВ стигнале низата реакции од рибари, граѓани и од медиумите за работењето на концесионерот поради што во декември минатата година  Државниот инспекторат за земјоделство, АХВ, пазарната инспекција започнале со интензивни вонредни инспекциски надзори.

„Во записникот на  Државниот инспектор за земјоделство е констатирано дека концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје на Охридско Езеро. Констатирани се нерегуларности и во делот на пријавување на вработените и постапките за вработување коишто концесионерот ги спроведувал спротивно на Законот за рибарство и аквакултура.  Концесионерот не водел точна, навремена и целосна евиденција на уловената риба согласно закон. “ – кажа министерот  Димковски.

Откако ќе заврши постапката за раскинување на договорот за концесија МЗШВ ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за стопанисување со рибниот фонд на Охридското езеро.
Министерот Димковски посочи дека политиките се насочени кон заштита на езерото и рибниот фонд и нема да се дозволи злоупотреба на природното богатство. Во таа насока ќе бидат преземени и мерки за заштита до изборот на нов концесионер.

„Имаме намера веќе на наредната седница на влада да достави информација за формирање на координативно тело од клучните министерства и тоа за земјоделство, мин за транспорт и врски  и МВР во меѓупериодот да се направат максимални напори за заштита на охридската пастрмка и рибнит фонд во езерото. “ – информира министерот.

Бидејќи влегуваме во предизборен период  а министерот најави и ревизија на риболовните основи, Охридско езеро нема да добие нов концесионер  во скоро време.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top