Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.
Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.
Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.
Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град