Жители на Чекоштина бараат решавање на проблемите за населбата да заживее

Место сончев град или елитна населба денеска Чекоштина е неурбанизирана а стотината викендици и куќи немаат ни улица ни број. Чекоштина во минатото била позната по лозарство  но денеска е се поатрактивна за  развој на туризам како еколошки чиста населба. Токму поради потенцијалот на оваа населба жителите се организираа во граѓанско здужение и бараат општината да започне да ги решава урбанистичките , административните и инфраструктурни проблеми во Чекоштина.

 |  Соња Рилковска  | 

Наместо елитна населба, охридската Чекоштина  не постои. Нема  уличен систем, адреси, водовод и канализација.
Денес има околу стотина викендици и куќи,  но населбата не  е евидентирана како населено место. Иако има легални куќи постојани и викенд жители,  нема ни адреси, нема ни улици.
Еден дел од населбата е урбанизиран,  но само на хартија, во реалноста нема никаква инфраструктура.  Пред неколку години жителите поднеле петиција до општина Охрид да определи уличен систем за да добијат легални адреси, но без никаков успех.
Жителите се жалат, бараат општината да ја среди административната процедура.
 „Заради непсотоењето официјално како населба во општината не можеме да ги регистрираме нашите живеалишта, не можеме да добиеме лични карти во МВР и не тераат да го решиме рпоблемот секој индивидуално. Псле години живот во чекоштина се водиме на стари адреси што всушност е и прекршок. Та е административен проблем. Комунално не можеме да решиме хигиена, патиштата не се пробиени, а мали напори треба некаде да се оформат. Поготово кога е калливо време воопшто не може да се помине“, вели Иван  Огненов претседател на ЗГ „Чекоштина Урбан“.
Во минатото земјоделие и сточарство денес Чекоштина е туристички атрактивна населба. Беше изграден и хотел, но веќе од поодамна  не работи бидејќи беше невозможно туристите да пристигнат со автобуси.
 „Голем дел од луѓето се занимаваат и со туризам но туризмот не поднесува импровизации, нечистотии присуство на домашни ивотни кои им пречат ан гостите кои најмногу се од странство.  „Самата месност е разделена во неколку катастарски општини. Едни спаѓаме под Лакочереј, други под Охрид, така што не може да се направи ниту месна заедница ниту друга организација. Од тие причини ја организираме оваа НВО.  „Ова место душа дало за развој на мали викендици со многу зеленило кое би бло навистина едно атрактивно место“, додава Огненов.
Со децении наназад се зборува дека Чекоштина ќе прерасне во елитна населба. Имаше иницијатва за изградба на шведско село со   многу зеленило поради сончевиот  потенцијал
 „Сакам да напоменам дека се работи за еден исклучителен простор кој во поранешна Југославија  имаше после Хвар најмногу сончеви саати. Во ова време на загадена животна средина сметам дека има потенцијали да се иксористи со кристење на фотоволтаични ситеми  бидејки е идеален простор или за енергија од ветерници, вели Станко Јовчески од ЗГ „Чекоштина Урбан“.
Чекоштина во минатото била позната по лозарство ,квалитетни охридски лозја ,  но денес е атрактивна еколошки чиста населба со потенцијал за  развој на туризам.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top