Утре последна седница на охридскиот совет за оваа календарска година

Предлог буџетот на општина Охрид и програмите за работа за следната година ќе се најдат пред градските советници на последната седница за закажана за утре четврток, 26-ти декември со почеток во 11 часот во малата општинска сала.

 |   | 

Од мноштвото точки кои ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница советниците треба да ја разгледаат и информацијата за изготвениот интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Охрид, а ќе треба да се произнесат и по предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид и утврдувањето на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.

Советниците ќе гласаат и за програмите и планот за работа на охридските јавни претпријатија за иданата година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top