Нов брод во Охридското Езеро. „Армада“ е луксузен брод кој ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни забави од типот на свадби, родендени, корпоративни забави и слично.
Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни забави од типот на свадби, родендени, корпоративни забави и слично.
Сакавме нешто ново да направиме во Охрид. Да нема само превоз на патници до Св. Наум и назад или кружни тури туку да понудиме еден поинаков амбиент, полуксузен, вели Ѓоко Наумоски-брод „Армада“.
Бродот „Армада“ е петтиот во охридското пристаниште што значи белата флота се зголемува, но останува проблемот со немање место за усидрување.
Се надевам дека ќе се договорат на некој разумен начин за паркирање за испловување. Тоа треба и со министерство да се седне да се направи некој план за марина.
Во предновогодишниот период секој ден на бродот „Армада“ ќе се организираат празнични забави со четири сати крстарење, музика во живо, закуска и неограничен пијалак. Картите за пловење со бродот можат да се купат и он лајн.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град