Свечено отворен затворениот градски пазар. Во присуство напремиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект.
Охрид доби современ затворен зелен пазар. Денес во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект.
Ми преставува посебно задоволство и чуствувам голема радост што денес сме во Охрид да го отвориме зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет од 190 нови тезги направени по современи ХАСАП стандарди, рече Зоран Заев-премиер на Р.С Македонија.
Пазарот е на површина од 6 779 метри квадратни, на три ката. Во подземјето е сместен паркинг од 2433метри квадратни и техничките објекти. На приземјето е сместен зелениот пазар, а тука се вклучени и дуќани, заеднички простории, хол, тоалети, лифт, подвижни скали, пристапи за инвалидизирани лица.
Вашите забелешки и сугестии беа клучни при креирањето на објектот на административно-деловната зграда каде што е сместен затворениот зелен пазар. Со постојано настојување својата работа да ја збогатиме со нови облици и содржини, ги задржавме сите активности надополнувајќи ги со нови, рече градоначалникот Константин Георгиески.
Пазарот ќе почне да функционира од 1ви јануари нареднава година.
Од аспект на организациска поставеност Јавното претпријатие ќе биде адаптирано и преструктуирано соодветно на потребите на новиот пазар пред се во делот на подобрување на условите за работа, а во функција на посетителите, рече Деспотоска.
Пазарот е изграден со Јавно приватно партнерство помеѓу Општина Охрид и АД „Илинден“ Струга. Инвестиција вредна три и пол милиони евра.
Изградивме објект со кој се збогатува централниот простор на градот Охрид со деловно-стопанска и јавно-деловна површина со која се збогатува и примамливоста на туристичките содржини на градот, но пред се се задоволуваат потребите на граѓаните, Кристина Трајковска Костовска-АД „Илинден“ Струга.
Инаку овој капитален проект започна со реализација во 2017 во времето на градоначалникот Никола Бакрачески кој беше поканет на свеченото отворање, но поради професионални обврски не беше присутен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град