• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“

Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“

Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. 

 |   | 

Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. На денешната седница Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ и ја потврди Спогодбата за присоединување.

На денешната триесет и шеста седница, Советот на Општина Охрид едногласно ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ од 04.11.2019 година и ja потврди Спогодбата за присоединување ОДУ од 04.11.2019 година.

Согласно Законот за трговски друштва на денешната седница на советот, беше присутен и водеше зљаписник и нотарот Васил Кузманоски, се со цел уписот во Централниот регистар да биде релевантен.

По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top