Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. Највозвишениот дел од вечерта секако беше доделувањето на највисокото општинско признание, Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Но, овој пат покрај емоции на радост оваа награда предизвика и емоции на тага.
Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. „Деновиве Охрид живее во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна црква – Охридска архиепископија, рече во дел од своето обраќање градоначалникот Константин Георгиески.
Македонија и македонците низ столетијата поминале многу премрежја и ветрометини, на кои секогаш одговареле со кроткост, милосрдие и човекољубие. Но, не затоа што е тоа некаква маленкост, помала вредност или потчинетост. Не драги мои. Тоа е затоа што ние сме кротки но одлучни, нежни но цврсти, трпеливи но непоколебливи. Тоа е нашиот генетски запис и културен код всаден од нашиот Свети Климент Охридски, како најдобар патоказ да истраеме низ сите премрежја, падови и воздигнувања . Верувам дека како генерација успеваме да истраеме на Светиклиментовата порака и ќе знаеме истата да ја пренесеме на следните генерации, истакна во своето обраќање градоначалникот.
Највозвишениот дел од вечерта секако беше доделувањето на највисокото општинско признание, Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Но, овој пат покрај емоции на радост оваа награда предизвика и емоции на тага. За прв пат откако е востановена наградата се додели постхумно, на прерано починатиот градоначалник на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. На овој начин, градот му оддаде должна почит и вечно сеќавање. Од името на семејството на починатиот градоначалник се заблагодари неговата сопруга, Надица Стојаноска која се присети дека минатата година оваа награда ја доделуваше самиот тој, а оваа година ја добива постхумно.
Како оддолжување на неговата несебичност и придонес за развојот и негоговата визија што ја имаше за градот Охрид, истакна сопругата на починатиот градоначалник.
На свеченоста беа доделени и две повелби „Св. Климент Охридски– Патрон на Охрид“. Едната ја доби Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација.
Мое мото е светот да е отворена училница, ние треба да ги отстраниме ѕидовите од нашите училници, наставниците, професорите заедно со родителите да го направиме поквалитетно образованието. Едно дете, една книга, една табла, еден молив и еден наставник можат да го променат светот, рече Петкоска.
Втората повелба ја доби Планинарската спасителна служба за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица. Во име на службата се обрати нејзиниот претседател, Антонио Додевски кој наградата ја посвети на своите колеги.
Токму тие, моите колеги кои несебично се даваат себеси не очекувајќи ништо за возврат се столбот на планинската спасителна служба и оваа награда им припаѓа нив, иако за сите нас е секоја успешно спроведена спасителна операција, сепак морам да признам дека оваа награда многу ни значи и не задолжува да продолжиме барем со истото темпо како и досега, рече Додевски.
Традиционално во рамки на чествувањата на Св. Климент беше отворена изложба на Фото клубот Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град