Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини.

Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење и уредување на речно корито, кај ново уредениот простор во селото.
Од Општината продолжуваат и со чистење на дивите депонии во селеските средини па така селото Мешеишта,чистење на дива депонија во “Копрнички Дол”, а беа ичситени депониите и во селата Лешани и Злести.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град