Во организација на „Yahya Kemal“ college во Струга се одржа математички квиз во кој учество зедоа и ученици од ОУ „Григор Прличев“.
Нивниот тим го сочинуваа: Емилија Николовска, Нина Стевоска и Драгана Каневче, три ученички од деветто одделение под менторство на наставничката Марика Бубеска.

На овој квиз учествуваа над триесет тимови од основните училишта од регионот и тој се одржа за прв пат. Учениците и менторот беа задоволни од организацијата, пред почетокот на квизот на учениците им биле објаснети правилата. Квизот ги воодушеви младите математичари, кажаа дека бил забавен и добро осмислен. Покрај натпреварувањето, задоволни беа и од дружбата со врсниците и стекнатите нови познанства.
Основците од ова училиште го освоија првото место, односно ОУ „Григор Прличев“ се закити со златна медаља.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град