Свикана триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.11.2019 година петок со почеток во 11:00 часот.
Свикана триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.11.2019 година петок со почеток во 11:00 часот.
На дневен ред на ова издание на седницата на Советот на општината ќе се најдат извештаи за реализација на повеќе програми, како за реконструкција на локални патишта и улици, комунални услуги, одржување јавна чистота, енергетска ефикасностизградба на системи за водоснабдување и друго.
Исто така ќе се одлучува за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2019 година, како и за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2019.
Пред градските избраници ќе се најдат извештаите за работењето на јавните претпријатија како и нивните финансиски извештаи како и Предлог- одлуките за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2020 година и за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2020 година. Ќе се дискутира и по Предлог –одлука за утврдување локација за градба на објект за сместување – прифатилиште за кучиња, а советниците се очекува да дат согласност и за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП “Градски гробишта” – Охрид.
Во обемниот дневен ред на ова издание на седницата на совет че се најдат и прелог одлуките за за склучување договор за измени на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар и за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град