Нуркачкиот центар Амфора одбележува 15 години од неговото постоење. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам.
15 години нуркачки центар „Амфора“. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам. Идејата за отворање ваков центар потекнува од 2004год., а се јавила како потреба наметната од меѓународни стандарди според кои нуркачкиот центар мора да има раководител, мора да има соодветен простор, мора да има сертифициран инструктор меѓународно признат, комплети за прва помош, нуркачка опрема која е сервисирана и да ги исполнува сите услови за едукација на нуркачи. Милутин Секулоски кој е еден од основачите на центарот и нуркач со меѓународен сертификат вели дека не било воопшто лесно да се стигне до ова ниво на кое што е центарот денес, но додава дека благодарение на луѓето со визија за поубав и поатрактивен Охрид, оваа приказна трае и денес. Нуркачкиот центар многу придонесува за развојот на алтернативниот туризам во градов. Ако на почетоците имало само десеттина туристи заинтересирани да ги видат подводните убавини на езерото, оваа година имало околу петстотини.
Се повеќе и повеќе има заинтересирани за нуркање од сите земји. Верувајте дека најдобро нешто што се случува во нуркањето е што луѓето се задоволни од подводниот амбиент каде што ги носиме да нуркаат, вели Секулоски.
Нуркачкиот центар „Амфора“ има реализирано повеќе проекти во соработка со други институции. За издвојување се чистење на езерото од цврст отпад, подводни археолошки истражувања, подводно деминирање на Охридско езеро од каде се извадени 20 тони бомби, мини и гранати.
Одлична соработка имаме со спасувачките екипи на Црвен крст Охрид како и со други институции како што се специјалните единици на полицијата и на армијата на РМ. Со нашите активности сме препознатливи не само во Македонија туку и ширум светот, вели Секулоски.
Утре со почеток во 10.30 часот во хотел „Филип“ со пригодна свеченост ќе се одбележи јубилејотна нуркачкиот центар Амфора“. Присутните, меѓу другото, ќе имаат можност да слушнат за бројните активности на „Амфора“ кои ги одбележаа изминатите 15 години, за новините во SSI, за Хипербаричната оксигенација, при што ќе се обратат членови на охридскиот Нуркачки клуб, како и нивни гости-соработници од странски земји.
Прославата продолжува во недела за кога е закажано нуркање со бродот „Александрија“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град