Ке падне ли Батон?

Џејсон Батон и тимот на Брон ГП сакаат да ја потврдат доминацијата во Формула 1 сезонава и на утрешната трка (14 ч.) ќе се вози по улиците на Монте Карло.

 

 |  Крсте Голабовски  | 
Jenson Baton
Џенсон Батон

Џејсон Батон и тимот на Брон ГП сакаат да ја потврдат доминацијата во Формула 1 сезонава и на утрешната трка (14 ч.) ќе се вози по улиците на Монте Карло.

Jenson ButonБатон победи на четири од досегашните пет трки сезонава. Со евентуална нова победа и во Монако, трката за шампион во „Ф1 циркусот“ може да стане неинтересна уште во првата половина од натпреварувањето. Батон засега има освоено 41 од можните 45 поени и има 14 бода повеќе пред клупскиот колега Рубенс Барикело .

Дали ќе биде сопрен Батон

Монте Карло треба да биде местото каде ќе се сопре Батон и неговиот тим да реди победи, а со тоа продолжението од шампионатот биде интересен.

На тоа се надеваат конкурентите кои во тесните улички низ Монте Карло гледаат „барикада“ за лидерот. Најблиску до тимот на Брон е екипата на Ред Бул чии возачи се на третото, односно четвртото место во генералниот пласман.

– Ќе биде важно да се стави крај на победите на тимот на Брон. Тоа не е важно само за нас, туку и за останатите екипи во Ф1. Сакаме на оваа трка да направиме пресврт – вели Себастијан Фетел, кој е единствениот кој успеал сезонава да биде пред Батон и тоа на трката во Кина. Трката во Монако се смета за најгламурозната во Ф1 шампионатот. Се вози по тесни улички, покрај морето, а многу навивачи трката ја следат од балконите, прозорците или јахтите паркирани покрај брегот. Оваа трка е и собиралиште на светскиот џет сет. За неделната трка во Монако присуство најавија Бред Пит, Анџелина Џоли, Новак Ѓоковиќ….  На оваа трка големо значење има и борбата за пол-позицијата, бидејќи самата патека не дозволува многу претекнувања. На слободните тренинзи во четвртокот најбрз беше Нико Розберг.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top