Викендов охридските стрелци учествуваа на меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма -„Пирин2019“ што се одржа на стрелиштето во спортскиот комплекс во Благоевград, Р.Бугарија.
Викендов охридските стрелци учествуваа на меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма -„Пирин2019“ што се одржа на стрелиштето во спортскиот комплекс во Благоевград, Р.Бугарија.
Во категорија на млади јуниори, Бојан Спасеновски се пласира на третата позиција со резултат од 384.5, додека Марија Ангеловска во категорија млади јуниорки (до 15години) се пласира на третата позиција со резултат 364.1.
Во истата категорија настапи и Калина Чепуњоска која се пласира на петтата позиција со резултат 359.4. Јована Милевска во квалификациите застана на втората позиција со резултат од 607.9 со што обезбеди влез во финале, но работите не се одвиваа во нејзина полза, па во финалето се пласира на петтата позиција со резултат од 177.4, останувајќи без пласман во првите три позиции.
Во истата категорија настапија и Марија Ванѓеловска со резултат од 576.8 и Ива Маленко со резултат од 576.2 кои завршија на 11-тата односно 12-тата позиција. Прво финале имаше и Кристијан Џепароски, кој во квалификациите се пласира на четвртата позиција со резултат 571.8, за да и во финалето повторно остане на четвртата позиција со резултат 184.6 круга.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град