Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето.

Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови бидејќи, според проценките на претпријатието, треба да се подигне повеќе од 50 кубни метри отпад.
„На овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација.“– велат од претпријатието.
Експертите велат дека станува збор за вообичаена појава предизвикана од намалениот водостој на езерото. Инаку намалување на нивото на водата од по еден сантиметар нотирано е и кај Преспанското и кај Охридското Езеро, кај кои водостојот е понизок од повеќегодишниот просек за ноември, додека нивото на Дојранското Езеро е повисоко од просечното.
Инаку најголемо количество смет беше собрано пред хотелот „Палас“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град