ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА- ДОЛГ ЖИВОТ“

Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира  ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески.

 |   | 

Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески.

На средбата на која учествуваа претставници на партнерите од Велика Британија, Португалија, Романија и Турција, координаторката Елисабета Настоска, наставник по англиски јазик во ОУ „Ванчо Николески“ објасни дека се работи за проект кој ќе трае две години, а целта е со разни активности со земјите партнери да се разменат искуства од областа на заштитата на животната средина.

Основното училиште „Ванчо Николески“ од с. Лескоец преку програмата „Еразмус“ доби два гранта од програмата Клучна акција 2- КА229 за стратешки партнерства за училишна размена и образование.

Во рамките на проектот се предвидени рсботилници, иновативни стратегии и нови методологии, преку кои ќе се подобрат професионалните вештини кај наставниците за поефикасно подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top