• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Oфицијално стартуваше пријавувањето за популарната Атлетска манифестација Охрид трчаТ

Oфицијално стартуваше пријавувањето за популарната Атлетска манифестација Охрид трчаТ

Пријавувањето за учество на четвртото издание на Охрид трчаТ може да се направи исклучиво онлајн, на страната ohridtrcat.mk. Четвртото издание од претходните три на Охрид трчаТ ќе se разликува по новата и побогата програма.

 |   | 

Во склоп на настанот вметната е делницата од 21 километар или полумаратон, што ќе претставува дополнителен предизвик за охриѓани и останатите учесници од нашата земја и странство.

На програмата останува рекреативната пет километарска трка која е дел од главниот настан, како и Детската, Училишната и Ноќната трка. Експото на кое се подигнуваат стартните пакети ќе трае два дена (петок и сабота).Цената на стартните пакети за полумаратонот и рекреативната трка ќе бидат во три интервали. За полумаратонот првата цена е 1000 денари а за трката на 5 километри изнесува 400 денари.

Следната година, Охрид трчаТ ќе се одржи викендот на 5, 6 и 7 јуни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top