Ученичката Софија Алачкоска-прва на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”. Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта, го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска

 |   | 

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”. Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта, го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска.

Ментори на останатите ученици–натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Наташа Митреска и Ана Пупиноска–Стојкоска. НУ Библиотека „Григор Прличев“ сите учесници и ментори ги награди со благодарници и одбрани книги.

Софија Алачкоска ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ закажан за 15 ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top