Граѓанските организации во помалите градови функционираат на волонтерска основа и без пристап до високи фондови на финансирање. Со цел зајакнување на нивните капацитети Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведува проектГраѓански ресурсен центар, финансиран од ЕУ. Денеска во рамки на проектот, се одржа отворен ден со граѓански организации од Охрид.
Главен проблем на граѓанските организации им претставува финансиската одржливост. Тоа пред се се однесува на локалните организации во помалите градови и општини. Најголем дел од нив функционираат на волонтерска основа. Волонтерите во најголем број немаат капацитет да направат соодветна проектна апликацијаза да можат да дојдат до финансиски средства од повисоки фондови.
„ Има голема разлика ако зборуваме за граѓанските организации во Скопје и оние во помалите градови. Локалните организации воопшто не се проактивни, дури запаѓаат во песимизам дека нема финансии за нив , нема поддршка од централно и локално ниво. Ние досега имавме средба со граѓански организации од 22 општини . Резултатот од сите тие средби е дека финансиските средства се фокусирани на граѓанските организации во поголемите градови , пред се Скопје, но тука се и Битола , Тетово , Штип, Струмица. Но во другите места многу малку има активни граѓански оганизации кои навистина активно се залагаат за подобрување на состојбите на локално ниво. „ – вели Валентина Атанасоска од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)– Скопје
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведува проект Граѓански ресурсен центар, во пратнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип, а финансиран од ЕУ. Една од задачите на проектот е преку мобилните ресурсни центри, малите локални организации во речиси сите општини и градови во државата да ги запознае со тоа што се им се нуди во областа на граѓанското општество. Денеска беа во Охрид и во соработка со Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија од Охрид се одржа отворен ден со граѓанските организации.
„Целта на Граѓанскиот ресурсен центар е градење на капацитетите на граѓанските организации во Македонија за нивно зајакнување за да можат тие да станат силен партнер на останатите чинители во нашето демократско општество. Тоа значи, нашиот проект ги гради нивните капацитети , ги информира , ги вклучува во активности на национално и локално ниво. “ – вели Атанасоска.
Од обуките кои се организираат во рамки на проектот најголем интерес има за обуката за пишување проектни апликации. Со едукација за аплицирање подостапни ќе станат странските фондови но исто така посебно знаајна за помалите локлани организации е поддршката од државата. Во таа насока согласно последната стратегија на Владата за соработка и поддршка на граѓанскиот сектор 2018-2022 год. се планира формирање на единствен фонд за институционална поддршка на организациите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град