Георгиески: Уривањето дивоградби ќе биде долг и болен процес

Не се знае колку од објектите што имаа статус дивоградби во Охрид и долж брегот ќе ги урива општината. Дел може да бидат легализирани, а дел се под ингеренција на Министерството за транспорт и врски. Во петок на седница на совет со ребалансот на буџетот дополнително ќе се издвојат  пари од општинската каса  за уривање на дивоградби.

 |  Соња Рилковска  | 

Помина рокот од  20 дена, што  градоначалникот Константин Георгиески им го даде на сопствениците на дивоградби во Охрид. Во петок на седница со ребалансот на буџетот дополнително ќе се издвојат  пари  за уривање на дивоградби. Оние кои не ги отстранија објектите , а веќе  добија решение,  ќе им ги отстранува општината, но на нивни трошок.
Ќе се уриваат  единствено  оние обејкти кои имаат правосилни решенија за отстранување.

„Ние имаме седница на советот во петок на дневен ред има ребалнс на буџетот и со ребалансот се предвидени дополнителни 2 милиони денари за отстранување на дивоизградени обејтк. Како што веќе ви кажав е процес кој е болен и тежок и ќе трае можеби година можеби две, но ќе треба да ги поправаме сите тие аномалии и грешки кои се дозволувани во минатото“, вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.

Регистарот на дивоградби брои стотици објекти,  но мал дел од нив се згради , хотели  и куќи.  Оние кои може да се вклопат во урбанистичкиот план ќе бидат легализирани.

  „ Во регистарот има барање за утврдување на статус за бесправно изградени објекти има некаде 16 200. Во нив има кров , еркер, шупа, тераса, гаража. Тој регистар ние го работевме за онај дел од општината за кој сме ние надлежни а ние не сме надлежни за заштитеното подрачје за заштитеното подрачје ригистарот го прави министерството за транспорт и врски и државната градежна инспекција е надлежна за бесправните градби значи Овој регистар што е во завршна фаза дефинирани се колку има куќи, колку семејни згради како објекти цели за легализација и таа информација може да ја добиете  тоа не е скриено тоа е евидентирано“, вели Бранко Арнаудов раководител на секторот за урбанизам.

За хотелот во Лагадин чие решение за градба е ништовно се уште се чека  одлуката на Управниот суд, а потоа ќе се знае дали ќе се урива.
 „Решението за ништовност на одобрениеот за градба е конечно мегутоа не е правосилно. Ние можеме да пристапиме кон отстранување мегутоа доколку на Управен суд пресуди во корист на странката тогаш општината ќе треба да ја обесштети странката бидејќи сме го отстраниле објектот со пониско решение затоа одлучивме да причекаме правосилно решение“  вели Георгиески.

Оние  објекти за кои се водат судски спорови или постапка за легализација не може да бидат отстранети. Ќе се чека правосилна одлука а потоа ќе се постапува. Уривањето на дивоградбите е процес кој ќе трае неколку години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top