Во дербито на шестото коло Охрид го пречекува скопски Бутел

Нашите ракометари најавуваат тежок но интересен натпревар. Скопјани доаѓаат после пораз во Купот на ЕхаЕф а ракометарите на Охрид одат по нови три бода и петта победа во серија.

 |   | 

Ракометарите на Охрид во шестата рунда од Супер лигата го пречекуваат  Бутел од Скопје. РК Охрид во пресрет на дуелот бележи четири победи во серија додека пак  ракометарите на Бутел доаѓаат после пораз и елиминација од Купот на ЕХФ. Гладијаторите утрешното дерби на колото го најавуваат како тежок но досега најинтересен натпревар. Велат дека  приоритетна ќе им биде одбраната.  

„ Јас и Никола се подготвуваме на најдобар можен начин. Анализиравме видео снимки и се што треба. Се надеваме дека ќе одговориме на најдобар можен начин . Оваа година појака е одбраната што е од голема помош за голманот. Бутел е една многу искусна екипа која оваа година е кандидат за самиот врв на табелата што го покажаја и со учество во ЕХФ купот. Ние се подготвуваме на најдобар можен начин како за секој така и за овај натпревар. Напорно работиме. Би ги повикал навивачите да дојдат во што поголем број и да не поддржат и Рибарите, се разбира, кои се нашиот 8ми играч. „– изјави голманот Јагош Брауновиќ

Македонската ракометна лига, посебно неколку клубови од  горниот дел на табелата, споредена со хрватската е доста јака ако не и подобра, вели хрватот во редовите на РК Охрид, Денис Тот.  Во Македонија многу повеќе се следи ракометот, натпреварите се посетени , има интерес кај луѓето со што сум многу задоволен, додава Тот.

„Јас а и сите се надеваме дека утре ќе одработиме еден многу добар натпревар и дека нема да има некои поголеми проблеми во остварување на три бодови. Формата кај сите играчи е се подобра затоа што подобро се уигравме веќе подолго време сме заедно, запознати сме со акциите и меѓусебно веќе подобро се знаеме. Јас мислам дека формата ќе оди само по нагорна линија. “ – вели Тот.

Натпреварок Охрид Бутел се игра утре со почеток во 19 часот. Влезниците ќе се продаваат на билетарата од СРЦ „Билјанини Извори“ и ќе чинат 50 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top